Во саботата во градот Катерини, четворица македонски државјани завршија во затвор во Грција поради организирање борба со кучиња, објавува на Канал 5 од Грција. Освен Македонците, и тројца Грци завршиле во затвор.
Полицијата го лоцирала местото каде се организирала борбата на кучиња откако до нив стигнала анонимна дојава, објавува Канал 5. Во полициската акција биле уапсени дел од организаторите и учесниците во натпреварите. Според информациите на Канал 5, облогот за борбата на кучиња се движел од 300 до 1.000 евра.
Постапувајќи по новиот закон за заштита на животните од експлоатација или употреба за профит, судот во Катерини веднаш ја изрекол пресудата. Сопственикот на импровизираниот бокс за борење заработил 8 месеци затвор и 5.000 евра парична казна, додека четворицата Македонци добиле по 2 месеци затвор. Останатите уапсени добиле 4 месеци затвор и 5.000 евра парична казна.
Во нелегалните борби учествувале седум питбули, чии фотографии ги објавиле грчките здруженијата за заштита на животни.
Извор: Канал 5