Жена на возраст од 63 години од руралното предградие на Лос Анџелес почина, откако додека џогирала ја нападнале четири кучиња – питбули.
Таа била нападната додека трчала во округот Литлрок, а брзата помош иако веднаш простигнала на местото, сепак несреќната жена починала на пат кон болница.
Според зборовите на шерифот Џон Корин, друга жена која се возела во близина на местото на нападот видела како кучињата ја напаѓаат жртвата.
Таа се обидела да ги разбрка со тоа што им свирела, но кучињата продолжиле да ја гризат жената која била падната на земја.
Таа потоа ја повикала полицијата, чие патролно возило набрзо пристигнало и пукало кон кучињата кои потоа се разбегале.
Полицијата потоа со хеликоптери го пребарувала местото каде се видени кучињата но без успех.
Од една од куќите во Литлрок се извлечени неколку кучиња, но неизвесно е дали токму тие учествувале во нападот.
Според локалните власти на ова рурално подрачје луѓето често носат домашни миленичиња кои не сакаат повеќе да ги чуваат.