40 години од најголемата железничка несреќа во СФРЈ


Денеска се навршуваат 40 години од кога на загрепската Главна станица се случи најголемата железничка несреќа во Хрватска и тогашна СФРЈ, во која загинаа повеќе од 167 лица, а некои не можеле да бидат ни идентификувани.

Меѓународниот воз од Атина, преку загреб до Дортмунд, поради преголема брзина на кривината пред станицата излетал од шините.

zeleznicka-nesreca-zagreb_660x330Возот во кривината влегол со брзина од 100 километри на час, иако дозволената брзина била двојно помалку, што предизвика оштетување на ваганоите и нивно превртување.

Новинската агенција ХИНА потсетува дека вагоните со загинатите и повредените останале распрснати низ целото подрачје, давајќи ужасна глетка, а подоцна повеќето од нив се погребани во заедничка спомен гробница на Мирогој.

За несреќата, во која преживеаа 90 патници, одговорни беа машиновозачот – осуден на 15 години затвор и неговиот помошник – осуден на осум години затвор. Со истрагата бше утврдено дека тие работеле вкупно 45 часа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1