Шеесетина граѓани на Нигер се обиделе со два камиона преку Алжир да стигнат до брегот на Средоземното море и потоа да се префрлат во Европа.

pustinaТргнале уште во средината на октомври. На тој пат среде Сахара еден камион се расипал, а другиот откако ги истоварил патниците тргнал да бара помош. Имигрантите, преморени и жедни се обиделе да пронајдат вода, односно некоја оаза. Група од петмина луѓе успеала да дојде до една рударска населба. Војската која ги чува работниците тргнала во потрага и пронашла уште 14 исцрпени, но живи луѓе, додека околу 40 од нив починале во тешки маки на неподносливото сонце.

Агенцијата АФП пренесува дека многумина транспортери кои ги носат имигрантите им бараат однапред пари и дека не се ретки случаите кога ги оставаат среде пустина каде што луѓето умираат од глад и жед.