45 години живее во болница – прикован за болничкиот кревет


Бразилецот Паоло Мачадо е цели 45 години прикован за болничкиот кревет и за болница, откако уште како бебе се разболел од детска парализа.

Цели 45 год е во болница, и натаму мора да биде 24 часови дневно, вклучен на машините за поддржување на распираторниот систем. Но и покрај тешката болест, како и неможноста да води нормален живот Мачадо е човек со силен дух од кого може да се извлече насмевка.

zivee vo bolnicaТој има завршено училиште и обука за комјутерска анимација, па легнат во својот болнички кревет тој сега прави телевизиски серии за својот живот.

– Моите први сеќавања за животот и за раното детство се поврзани за болницата и за болничкиот кревет, или инвалидската количка, вели Мачадо.

Неговата мајка која никогаш не ја запознал, починала додека тој имал само два дена. Тогаш се заразил со детската парализа, во време на експолозија на оваа болест во Бразил.

Полиото или детската парализа е тешко инфективна, вирусна болест која главно ги напаѓа децата на возраст под пет години. Болеста, како во случајот на Паоло Мачадо може да предизвика трајна парализа на телото.

За оваа болест нема лек и специјална терапија, туку ефикасна вакцина која се дава на неколкупати додека децата се многу мали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1