Група затвореници избегале од затворот Маданг во Папуа Нова Гвинеја. Меѓу нив е шеф на секта осуден за педофилија и осомничен за канибализам.
Австралиските медиуми јавуваат дека тој бил уапсен во 2007 а осуден во 2010 на 10 години затвор за силување на младите членки на сектата. Неговото движење е осомничено за ритуали поврзани со канибализам.Имал илјадници следбеници.
Шефот на полицијата изјави дека избеганите затвореници се многу опасни, веројатно вооружени. Само лани се уапсени десетици припадници на оваа секта обвинети за најмалку 7 убиства.