Петгодишно девојче во Кикинда било испокасано од куче пит бул териер.
Кучето тешко го повредило девојчето, јави денеска Радио-телевизија Војводина. Инцидентот се случил во дворот на семејната куќа во Кикинда, додека девојчето било на гости кај бабата и вујкото.
Кучето во еден момент го прескокнало обезбедениот дел од дворот и го нападнало девојчето. Состојбата на девојчето е стабилна, а констатирани се тешки повреди.