5 и пол години затвор за пукање во докторот на Дигестивна хирургија


Пет години и шест месеци затвор му пресуди Основниот суд Скопје 1 за обвинетиот Имер Никшиќ (35). Лани на 9 ноември обвинетиот Имер со умисла пукал во лекарот Љубомир Огненовиќ кој неколку дена претходно ја оперирал неговата мајка која по операцијата починала. Според обвинението, Имер со оружје во раце се качил на катот и влегол во собата на лекарот Огненовиќ во кого испукал 7 куршуми, од кои два завршиле во неговото тело. Неговиот брат Абдулкајам фрлал инвентар, се заканувал на вработените и со тупаници го нападнал обезбедувачот од Клиниката.digestivna-pukawe-520x326

Неговиот брат Абдулкајам Никшиќ (37) доби условна казна.

Пресудата судот ја донесе откако обвинетите браќа признаа вина. Според одлуката на судот Абдулкајам нема да мине 2 години во затвор, ако во наредните 5 години не стори ново кривично дело. На барање на одбраната Имер од Истражниот затвор во Шутка ќе биде префрлен во Идризово.

Имер и Абдулкајам кои досега не се осудувани, пред судот се изјаснија дека чувствуваат вина и во судницата се извинија за инцидентот. Обвинетиот Имер кому му се суди за убиство во обид, насилство и недозволена трговија со оружје, му се извинил на лекарот Огненовиќ.

-Сакам јавно да му се извинам на лекарот. Јас тоа го сторив физички, но психички бев под стрес и не бев свесен. Им се извинувам и на присутните вработени- се изјаснил Имер. Лекарот Огненовиќ побара отштета, но сумата не ја прецизирал.

Абдулкајам му се извини на повозрасниот вработен од обезбедувањето на Клиниката кој тогаш го нападнал. Вработениот возвратил дека тепањето и стресот што ги преживеал го довеле до посета на психијатар.

Претставник од Дигестивната клиника пред судот рече дека болницата бара да биде надоместена штетата од искршените стакла и инвентар која е 23.770 денари.

Во судница беа и вработени од Клиниката. Дел од нив побараа штета, а дел рекоа дека не бараат ништо, оти не постојат пари што може да го надомести претрпениот стрес од тој ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1