Неколку семејства на патниците од авионот на летот МХ370 покренаа акција да соберат пет милиони долари како награда за оној кој има информации да ја реши мистеријата со исчезнувањето на авионот пред три месеци.Авионот на летот МХ370 исчезна на 8 март во правец Куала Лумпур-Пекинг.
Во него се наоѓале 239 патници и членови на екипажот, од кои две третини биле Кинези.
Официјалните лица преку користење на сателитски податоци заклучија дека авионот паднал во водите на Индискиот океан, северозападно од Перт.
По три месеци интензивно пребарување не е локализирано ништо и нема никакви информации.
„Убедени сме дека негде, некој нешто знае и се надеваме дека наградата ќе биде поттик, изјави Итан Хант, одговорен за проектот „Награда МХ370“ на интернет.