Некои датуми не се однесуваат на безбедноста туку на вкусот, тврди Дана Гандерс, научник кој се занимава со храна и која го објавува извештај во кој се наведуваат бројни намирници кои и понатаму се здрави за конзумирање иако рокот им е истечен.
Тортиља чипс нема да придонесат болест доколку ги јадеме после еден месец откако им истекол рокот, иако може да има малку бајат вкус. Јогуртот може да издржи уште шест недели после истекот на рокот.
“Јадам јогурт со истечен рок пред неколку месеци и никогаш ништо ми се нема случено” вели таа.
Чоколадото може да се јади многу подолго, но често се појавува бел слој кога чоколадото е изложено на воздух. Ова се случува кога некои од мастите се топат и се движат кон врвот.
Луѓето фрлаат и јајце многу порано. Јајцата можат да траат од 3-5 недели, но мораат да се држат на температура под 5 степени.
Млекото ќе мириса лошо и ќе има лош вкус значително многу пред да ви се слоши. Не треба да го држите на собна температура бидејќи може да се расипе од микробите во воздухот. Важно е одма да се затвори после конзумирање и да се врати во фрижидерот.