5 секојдневни парчиња облека со шокантен ризик за здравјето


Докторите предупредуваат дека премногу тесни фармерки можат да предизвикаат оштетување на нервите. Лекарите предупредуваат дека може да дојде до згрутчување на крвта, особено доколку сте во седната позиција. Ризикот е подеднаков и кај мажите и кај жените.

obleka

Пирсевите по лицето можат да предизвикаат краток спој во вашиот мозок

Ставењето на пирс на вашата усна, нос, или веѓа, може да го оштети тримегиналниот нерв, кој ги поврзува физичките сензации на лицето со нервниот центар. Доколку се оштети тримегиналниот нерв, тоа може да влијае на функцијата на вашиот мозок. Како последица на тоа може да добиете вртоглавица, главоболка, дисбаланс на рамнотежата и др.

Голем дел од предметите во продавниците се токсични

Голем дел од предметите во продавниците како накит, ташните, работи кои што би сакале да ги купите како подарок на некој на кого што му значите, всушност би можеле да имаат контраефект поради високото токсично ниво кое што истите го имаат. Од центарот за истражување на животната средина во САД изјавиле за истражување кое што било направено на 100 женски чанти кои што содржеле повеќе олово од дозволеното.

obleka1

Градниците можат да предизвикаат лош сон и намален имунитет 

Јапонски научници, во една студија направиле истражување на 10 здрави жени кои што носеле градници неколку ноќи по ред, при што на истите им биле тестирани плунката урината и ректалната температура. Било утврдено дека градниците го потиснуваат производството на мелатонин во плунката, а предизвикува и хормонална неурамнотеженост. Мелатонинот има клучна улога во нашето спиење, а во суштина определува кога ќе заспиеме или ќе се разбудиме. Меѓу останатото помага во контролата на менструалниот циклус и на имунолошкиот систем.

Вратоврската може да предизвика оштетување на видот

Глаукомата е една од најчестите болести на очите во светот и може да предизвика трајно слепило доколку не се излечи навремено. Нејзината примарна причина е зголемен притисок во окото, што може да биде предизвикано од страна на попречен проток на крвта во главата. Тоа може да се случи кај луѓе кои што дневно носат вратоврска особено пак ако е силно затегната, по неколку часа дневно. Вратоврската може да предизвика стегнување на југуларната вена која има функција да ја враќа крвта од главата до срцето. Во таков случај би можело да дојде до трајно оштетување на мрежницата.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1