Има ли нешто попријатно од бришење на лице и тело со мека и мирислива крпа? Токму такво пријатно чувство ќе имате секогаш со помош на пет трикови со кои ќе го решите проблемот со грубите, влажни или, пак, избледени пешкири во боја.
1. проблем: бавно се сушат
Пешкирите кои не апсорбираат влага додека се бришете или кои бавно се сушат е проблем кој најчесто се однесува на сосема нови крпи. Доколку сакате да го прескокнете овој дел, пред употреба исперете го во машина за алишта три до пет пати на максимална дозволена температура и преполовете го количеството на омекнувач.
2. проблем: мирисаат на влага
Никој не сака после бањање да се брише со крпи за туширање кои мирисаат на влага. Доколку го имате овој проблем, потопете ги во жешка вода во која претходно сте додале 1 до 2 чаши алкохолен оцет. Оставете ги да постојат кратко време, а потоа измијте ги. Пред да ги ставите, оставете ги целосно да се исушат.
3. проблем: пуштаат влакна
Доколку по бришењето пешкирот остава влакна на вашето тело, а и по целата бања, мора добро да го исперете. И овој проблем исто така се однесува на нови крпи кои го исфрлаат вишокот влакна. Доколку сакате да бидете сигурни дека тоа нема да се случи, пред да ги користите исперете ги три до пет пати на максимална дозволена температура.
4. проблем: нивната боја избледува
Доколку користите крпи со светли и силни бои, пред првата употреба потопете ги во многу солена топла вода и оставете ги да стојат еден час. Потоа исперете ги на вообичаен начин. Солта ќе делува како фиксатор на бојата.
5. проблем: премногу се меки
Премногу меки крпи слабо апсорбираат влага, а тоа ќе го забележите додека се бришете веднаш по туширањето. Доколку сакате да го решите овој проблем, наместо омекнувач во машината за перење ставете чаша алкохолен оцет. Тој ќе дејствува како омекнувач, но нема премногу да ги опушти влакната. Не мора да се плашите и дека ќе се чувствува мирисот на оцет, бидејќи, верувале или не, тој по миењето целосно ќе исчезне.
Vecer