Илјадници жители на Зимбабве излегоа на улица за прославата на 92 роденден на претседателот Роберт Мугабе.
Организаторите на прославата кажаа дека гостите во Машвинго пристигнуваат со автобуси, камиони и пеш. За послужување се подготвува говеско мосо и дивеч. На прославата која чинела 800.000 долари се очекуваат 50.000 гости.
Со оглед на лошата економска ситуација во која се наоѓа земјата, опозицијата ја критикувала манифестацијата која ја организираше владеачката партија.
Мугабе кој е на власт од 1980 година, го означи почетокот на прославата со симболично пуштање на 92 балона.