500 евра и одземање на возилото – драконски казни за неплаќање патарина


Секој што ќе се обиде да помине патарина без да плати и ја скрши рампата, трајно ќе му биде одземено возилото и ќе плати казна од 500 евра, пренесува Канал 5.

patarinaaОва се предвидува со измените во Законот за јавни патишта што веќе поминаа на владина седница. Целта како што вели ресорниот министер Јанакиески е се спречи уништувањето на патарините и дополнително да се зголемат приходите од патната такса.

Од април следната година лиценци за превоз на патници во меѓународниот и домашниот превоз ќе се издаваат само за превозници кои имаат автобуси со минимум стандарди Евро 2. За останатите автобуси со помали стандарди повеќе нема да се издаваат лиценци. Новина во законот за патен сообраќај е и засилената контрола на меѓународните превозници. Тие во иднина нема да можат да вршат промена на дозволите и да им конкурираат на домашните превозници. Во делот на увозот на автобуси, веќе за седум дена нема да може да се увезуваат автобуси со  Евро 2 и пониски стандарди. Ќе може да се увезуваат само автобуси со минимум евро 3 стандарди.

Со новите законски измени сите туристички агенции ќе се поврзат со електронскиот систем на автобуските станици и на тој начин еден билет нема да може да се продава по неколку пати како што беше до сега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1