500 евра за старите моми и ергени во Кочани, доколку склучат брак


По Свети Николе и Лозово, и Кочани почна да ги мотивира старите ергени и моми да стапнат на лудиот камен. Општината Кочани на оние лица кои имаат над 40 години ќе им подари 500 евра, доколку склучат брак.maticno nevesta

Кочани е и првата општина која дава пари и за новородено дете чии родители се од социјално ранливите категории. Ова субвенционирање за новороденчињата и за старите ергени и моми над 40 години оди во прилог на тоа што експертите веќе подолго време алармираат дека на истокот во училишните клупи се е помал бројот на првачиња, а работоспособното население се иселува.

Засега од Брегалничките општини, Кочани е првата која парично ги мотивира граѓаните за формирање на семејство и да се зголемува наталитетот, останатите велат дека размислуваат за воведување на вакви мерки, но се зависи од буџетите кои се скромни посебно во руралните општини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1