Во Бугарија бројот на заболени со коронавирус продолжи да расте, а во последните 24 часа се потврдени 516 нови случаи, што е за 79 повеќе од претходниот ден.
Бугарското Министерство за здравство објави дека ова е најголем број на новозаболени за еден ден од почетокот на пандемијата. Најмногу пациенти има во Софија и Пловдив.
Во последните 24 часа седум лица починале од вирусот, со што вкупниот број на смртни случаи е 880.
Во моментов, 1.063 лица се наоѓаат во болница, од кои 56 се на интензивна нега.
Според Министерството, проблем е недостатокот на здравствени работници, пред се медицински сестри, а многу од нив се заразиле со вирусот.
Од почетокот на епидемијата во Бугарија, на 8 март, 23.579 лица се заразиле со вирусот.