Кристал Мекви напиша книга “Будење во рајот”, во која таа ја опишува нејзината средба со Бога. Во 2009 доживеала клиничка смрт поради што, како што тврди, девет минути била во рајот.
Во книгата Кристал ја опишува во детали средбата со Бога.
Видов ангели и го видов Бога, и паднав пред него, раскажала Кристал. Кристал тврди дека Бог два пати ја прашал дали сака да се врати на земјата и таа два пати одговорила дека сака да остане, но Бог како што тврди таа сепак повторно ја пратил на земјата, и покрај нејзиното противење, но претходно ја ослободил од чувството на вина и срам.
Пред операцијата, таа била учителка, но по необичната средба, сфатила дека има нов повик во животот. Кристал смета дека нејзината мисија е да гостува на различни места и да го раскажува своето искуство со Семоќниот. Таа своето искуство го опишала и во книгата „Будење на небо“