6 деца загинаа во пожар во Германија


Седум лица, од кои шест се деца, загинаа во пожар кој избувна во станбена зграда на југот од Германија, соопшти локалната полиција.

pozarПожарот избувнал во раните претпладневни часови во поранешна фабрика за преработка на кожи којашто е преадаптирана во станбен простор во градот Бакнаг, во близина на Штутгарт.

Во приземјето на зградата се наоѓа канцеларија на локалниот германско-турски културен центар, меѓутоа полицијата тврди дека нема докази дека пожарот е подметнат или, пак, дека станува збор за „ксенофобен” напад.

Се` уште не е откриен идентитетот на жртвите во зградата во којашто постојано живееле 13 лица, меѓутоа засега не се знае ниту колку имало во неа за време на пожарот

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1