Нејзините родители биле на вечере на само 10 минути оддалечен ресторан од вилата каде престојувале. Медлин спиела во куќата заедно со децата до роднините. мајката и таткото се менувале и ја проверувале. Но последниот пат кога отишле да проверат, прозорецот бил отворен а девојчето го немало.Сега 6 години по киднапирањето, детективите гостуваат во емисијата “Crimewatch” на BBC. Објавиле нова верзија од целата случка и фоторобот од мажот кој се вртел околу ресортот Праја да Луз на денот кога исчезнала.

Двајца сведоци изјавиле дека виделе маж кои се врткал околу куќата дента кога девојчето исчезнало. Овие фотороботи се направени според нивниот опис и полицијата верува дека се работи за еден ист човек – по кого сега трага.
Ја молам јавноста за помош. Овој човек може, биде клучен во истрагата и многу ни е многу важно да о најдеме – гледајте внимателно, го познавате ли овој човек? веднаш јавете се – изјавил инспекторот Редвуд.
Мажот е опишан како белец на возраст од 20 до 40 години, со кратка, кафена коса и средна градба. Полицијата во јули објавила дека идентификувала 38 лица од “интерес”, кои се поврзани со случајот, од кои 12 се Британциродители.









