Републиканските претставници од Северна Каролина го претставија новиот нацрт закон со кој ќе им се овозможи на одделни држави да имаат дозвола да забранат покажување на женски гради во јавност. Жените кои се загрижени дека деловите од нивното тело би можеле да завршат во јавност, треба да користат посебни фластери или изолир трака за да ги покријат брадавиците.
Прелог законот на тој начин би го претворил излагањето на брадавиците во казниво дело. Рајан Браун кој го предложил овој закон, вели дека иако на некого би можело да му се чини неважно или можеби смешно, могумина сметаат дека се работи за сериозно прашање.
Жените кои би сакале своите гради да ги покажат, би можеле да бидат казнети со затворска казна во траење од шест месеци, а „поблагите“ или ненамерните испаѓања, би биле санкционирани со казна затвор во траење од 30 дена. Доењето во јавност нема да биде исклучок.
Се работи за своеврсна корекција на законот кој не е јасно дефиниран. „Половите органи“, чие покажување во јавноста се санкционира, не ги вклучува градите. Се разбира голем број на правни експерти тврдат дека станува збор за луд предлог кој не може да биде усвоен, затоа што на тој начин ги казнува жените со „сомнителен модно изразување“.