6 месеци затвор за телохранителот Ален Зекиров – за сообраќајка во која загина човек


Телохранителот Ален Зекиров (35) е осуден на шест месеци затвор за сообраќајката во која загина скопјанецот Симо Серафимовски во 2009 година. На Зекиров му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот откако со мотор го прегази  Серафимовски. Зекиров тврдеше дека е невин и изрази жалење до семејството на загинатиот.

zekirovСпоред обвинението, сообраќајната несреќа се случила на 16 јуни 2009 година, околу 19 часот на булеварот Партизански одреди, спроти ТЦ „Буњаковец“.

Зекиров со мотоцикл „агуста“ удрил во Серафимовски, кој со велосипед ја минувал улицата на пешачки премин. Серафимовски со тешки повреди бил префрлен во болница, каде што подоцна починал. Во сообраќајката бил повреден и Зекиров, кој се возел на сопствениот мотор и во моментот на несреќата не бил на должност.

Процесот траеше долго оти се чекаше на вештачењето со која брзина се движел Зекиров. На крајот беше утврдено дека тој се движел во рамките на дозволената брзина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1