6 можни симптоми на рак


Exam Room: Doctor Consoling Patient with Migraine

За повеќето случаи на рак, како и за повеќето болести, ќе ја слушнете истата работа – колку порано се открие болеста и правилно се дијагностицира, толку се поголеми шансите за целосно лечење на истата.

Многу е важно да научите да ги препознавате знаците на рак со цел да можете да се заштитите на време. Секако, кај одредени симптоми можно е да се работи за некоја „полесна болест“, а не нужно за рак, но важно е да се освестите за можните знаци на малигните болести.

Надуеност

Надуеноста сигурно не е непозната на многу жени, особено во време околу менструацијата. Но, доколку истата се продолжи неколку недели, можно е да индицира на рак на јајниците.

Други симптоми на оваа болест вклучуваат болка во стомакот и карлицата, нагло чувство за мокрење и чувство на силна ситост, дури и кога немате јадено.

Промена на брадавиците

Покрај папокот, кој може да „покажува“ кон внатре и кон надвор, брадавиците се уште еден дел од женското тело кое може да „менува насока“. Доколку претходно покажувале кон внатре, а неодамна ја промениле насоката (независно од тоа дали само едната или и двете), задолжително обратете се кај вашиот лекар. Не мора нужно да значи дека станува збор за рак на дојката, но добро е да се осигурате!

Необично крварење

Крварењето помеѓу два менструални циклуци или откако менопаузата веќе настапила, претставува еден од честите знаци на ендометријален карцином, иако не мора да значи дека тоа секогаш е така. Необичното крварење исто така подразбира и крварење од ректумот, кое може да означува рак на дебелото црево. Крв во урината, пак, може да биде и знак за рак на мочниот меур или на бубрезите.

Зголемена температура

Високата температура кога немате настинка или грип може да биде опасен знак кој не смее да се игнорира. Температурата е знак на воспаление во телото, а рак на лимфнуте жлезди и леукемијата може да започнат со овој симптом. Секако, зголемената температура може да биде знак за било каква болест или воспаление, но упорната треска без пропратни симптоми би требала да ве поттикне да се обратите кај лекар.

Неочекувано слабеење

Необичното слабеење кога не држите диета или не вежбате повеќе од вообичаено, може да биде сигнал за неколку здравствени проблеми. Станува збор за губиток на неколку килограми за период од еден месец или повеќе денови. Можно е да се работи за рак или, пак, хипертироидизам, што е чест случај кај жените.

Непрестана кашлица

Непрестаната кашлица со траење од четири до осум недели или подолго, може да иницира на рак на белите дробови, доколку изостанува присуството на настинка, грип или алергија. Цигарите се дополнителен фактор за зголемен ризик од оваа малигна болест, така што пожелно е да правите почести лекарски контроли.

Izvor – Idividi

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1