Петгодишното момче Итан кое беше жртва на киднапирање од страна на Џими Ли Дукс, кој во нападот го уби возачот на автобус Чарлс Поланд, беше еден од ретките кој се најде на списокот на преживеани, во случај на киднапирање.
Пензионираниот NYPD детектив, наредник и преговарач Валас Зеинс, се справил со речиси 150 случаи за време на неговата 22 годишна кариера. Зеинс вели дека Дукс е идеален пример кој ги киднапира своите жртви за да постигне некоја повисока цел. Во интервју Зенис изјавил дека сите киднапери може да се класифицираат во четири профили: терористички, затворенички, професионално кривични и емоционално пореметени личности.
„Дукс припаѓа на оние во групата на емоционално пореметени личности. Тој имаше нешто што сакал публиката да го знае. Тој сакал да ја придобие најголемата публика и во тоа му успеа. Доколку сакал да го убие својот заложник, тој тоа и ќе го направеше“, вели Зенис.
Првите 10 до 30 минути од киднапирањето се ризични. Тоа е периодот кога повеќето од заложниците се убиени.
Еве ги сите чекори за опстанок доколку некогаш бидаете земени за заложник
1. Останете смирени: „Смиреноста е заразна, а тоа е затоа што никој друг не е мирен во оваа ситуација. Избегнувајте ги оние кои што се агресивни и проактивни. Секогаш зборувајте пополека, тивко и јасно со агресивните киднапери.
2. Обидете се да ја запаметите сликата околу вас. Дали вратите во просторијата се отвораат од внатре или надвор. Забележете ги киднаперите што носат на себе, каков вид на оружје носат со себе, со која рака го користат, дали се сами и сл
3. Зборувајте само кога ќе ви се обратат. Заложниците немаат вредност за криминалците. Тој е само алатка за да се добие она што криминалците го сакаат од властите. Со криминалците во тој момент треба да се однесувате како со членови на кралско семејство. Избегнувајте да бидете агресивни и да ги одбегнувате предметите кој се сметаат за закана. Доколку зборувате со полицијата, одговарајте само со да или не.
4. Соопштете му на киднаперот доколку ви се потребни некакви лекови. Тој не сака болни заложници и обично сака првично да се ослободи од нив. Медицинската состојба само може да го зголеми високиот стрес и паника.
5. Не се обидувајте да избегате или да се правите херој. Не се обидувајте физички да се пресметате со него или нив.
6. Во моментот кога полицијата ќе влезе, легнете на земја и подгответе се за најлошото.