68 заболени од шуга во Мостар


По регистрираната заразна болест во Бар и Бело поље, шугата е забележана на територијата на Босна.

Во јануари во Мостар се регистрирани 49 лица заразени со шуга, а во последниов месец и во Тузланскиот кантон се забележани 19 заболени. Според епидемиолгот, Блашка Топаловиќ се уште е рано да се зборува за епидемиски размери на оваа болест, со оглед на тоа што Тузланскиот кантон опфаќа 13 општини.

suga-640x320

-Болеста најчесто се регистрира кај возрасната група од 15 до 24 години и во предучилишната возраст, што значи кај деца до шест години – изјави Топаловиќ.

Шефот на службата за епидемиологија на Заводот за јавно здравство, Един Алајбеговиќ истакна дека нема потреба од паника поради појавата на болеста.

-Никој не сокрива дека постојат одреден број пациенти заболени од шуга. Тоа трае веќе неколку години. Не станува збор за значајни цифри, но од вкупниот број на заболените од кожната болест половината се од Херцеговачко-неретванскиот кантон-изјави Алајбеговиќ.

Шугата е кожно заболување кое го предизвикува паразит, а се пренесува со долг и директен контакт со заболента личност. Најчести симптоми се чешање и осип по кожата кои е поинтезивен ноќе додека преку ден се намалува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1