Судот во Египет денеска осудил на смрт 683 исламисти, вклучувајки го и лидерот на Муслиманското братство Мухамед Бади.
Осудените се обвинети за убиства на полицајци во јужната провинција Миниа, на 14-ти август 2013-та.
На истиот ден во судирите во Каиро, полицијата уби стотици подржувачи на соборениот претседател Мухамед Морси.
Нови власти во Египет го прогласија Муслиманското братство за терористичка организација.