7 годишно дете преживеало пад од авион и повикало помош – другите патници загинале


Седумгодишно девојче од САД преживеало пад од авион, при што загинале четири лица. Тоа во дезориентирана состојба станала, се одалечила од местото на несреѓата и инцидентот го пријавила на еден локален жител, соопштија властите на американската држава Кентаки
avion-nesreca
Малиот авион „Пајпер ПА-34“ пријавил дека има проблем со моторот и набргу изгубил контакт со контролата на летот, додека се наоѓал над југозападниот дел на Кентаки, во околу 17.55 часот по локално време, соопшти Американската воздухополовна администрација (ФАА), пренесе АП.
Околу половина час подоцна, еден жител од округот Лајон повикал полиција и рекол дека седумгодишно девојче дошло до неговата куќа, велејќи дека доживеало авионска несреќа, изјавил поручникот Дин Питерсон од полицијата на Кентаки. Тој оваа случка ја нарекол вистинско „чудо“.
Девојчето веднаш било префрлено во болница, каде било установено дека нејзините повреди не се опасни по живот. Два часа подоцна полицијата го пронашла местото каде се урнал авионот, во шумското подрачје близу езерото Кентаки, каде биле пронајдени четири безживотни тела, на пилотот и тројцата останати патници, меѓу кои биле и родителите на малечката.
ФАА соопшти дека авионот полетал од аеродромот Талахаси на Флорида, а неговата дестинација била Маунт Вернон во Илиноис. Во тек е истрага за причините за несреќата.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1