7 икони украдени од Македонија најдени во Тирана


ikoniСедум икони од Струшкиот регион се најдоа меѓу повеќе од илјада вредни икони и други црковни предмети, кои беа пронајдени деновиве кај двајца албански државјани, соопшти митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј

Станува збор за престолните икони на Богородица, Исус Христос и Свети Никола од црквата „Свети Никола“ во селото Радожда, иконата на светецот Атанасиј Велики во црквата во селото Буринец, две престолни икони на Исус Христос и Богородица од црквата во Селци, како и икона од Исус Христос во селото Модрич. И директорот на Заводот и музеј „Д-р Никола Незлобински “ од Струга, Сашо Цветкоски, потврди дека споменатите икони се наоѓаат во Албанија и се наменети за продажба на нелегалниот пазар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1