7 причини зошто треба често да јадете смокви


1. Високо ниво на магнезиум – Магнезиумот го штити организмот од стрес; важен е за коските, имунитетот и мозокот; поттикнува здравје и виталност, лечи бројни болести и забавува стареење. Сувите смокви содржат тројно повеќе магнезиум од свежите.

2. Изобилство на калиум, калциум, железо, фосфор, бакар, витамините Б6, Ц и бета-каротен – Смоквата има ниско ниво на маснотии и содржи повеќе влакна од било кое друго овошје или зеленчук. Пектинот е влакно кое го намалува холестеролот, додека триптофанот се бори против проблемите со несоница и циркулација.

smokva23. Високо ниво на природни шеќери – Високото ниво на фруктоза овозможува мозокот да ви работи побрзо и да перцепира подобро. Дијабетичарите нека бидат внимателни со конзумација на сувите смокви.

4. Сувите смокви се извор на бројни нутриенти – Оброк за рекреативци и професионалци, кој во комбинација со јаткастите плодови е одличен меѓуоброк. Чајот од смокви лечи болести на црниот дроб, грлото, дишните органи, жолчката и мочниот меур.

5. Содржат растителни стероли – Докажано е благотворното дејство на нивото на холестеролот во крв, а растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот се врзуваат за молекулите на холестеролот и ја попречуваат неговата апсорпција.

6. Антиканцерогени својства – Поради присуството на бензалдехид и кумарин, смоквата е поволна за превенција на карцином на простата и кожа.

7. Свежата смоква содржи 80% вода и 60% природен шеќер – Слаткастиот вкус на смоквата може да се комбинира и со солени јадења и дава можност конзумацијата да не е монотона туку да се направи компот, ферментирани пијалоци, слатко…

brkajrabota.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1