Родителството е тешка одговорност, но доколку помош добиете од употребата на смартфон, испраќање на пораки или сурфање на Интернет, дали би ја прифатиле? Внимавањето на децата дома е лесно, но тоа станува потешко кога ги пуштате да одат надвор, пишува socialnet.mk.
Следењето на вашето дете со GPS дефинитивно е дискутабилна тема. Некои родители нема да се смират додека не дознаат каде е нивното дете, дали безбедно пристигнало до посакуваната дестинација и доколку е така дали би биле сигурни дека тоа ја говори вистината. Од друга страна користењето на GPS предизвикува расправија и детето почнува да ви вели дека вие немате доверба во него. Како да најдете баланс?
Одлуката зависи од фамилија до фамилија и треба да претставува личен избор, но доколку одлучите да го следите вашето дете кога е надвор од домот, постојат изобилство на уреди и апликации кои ќе ви помогнат во процесот. Цената е 99.99 долари.
1. Secures eZoom–
Ова е мал уред што може да го собере во ранецот на вашето дете или трајно да се монтира во автомобилот. Со користењето на вашиот персонален компјутер или смартфон, може да ја проверите локацијата на вашето дете, да создадете сигурни зони, кои ќе ве известат доколку уредот ја напушта областа и дури ја следи брзината на автомобилот, кој е управуван од страна на вашето дете. Исто така eZoom ви помага и да ги држите на око вашите омилени предмети.
2. Ambert Alert GPS–
Креиран е повеќе да биде безбедносен уред, што со помош на GPS сигнализацијата ви помага да добивате електронски пораки и известувања доколку предупредувањето се активира ( доколку заминат надвор од безбедносната зона на пример).
Дури и ве известува доколку вашето дете стане жртва на сексуален напад, а му дава можност и на вашето дете да го употреби СОС копчето доколку му е неопходна итна помош.
Цената на уредот е 220 долари и една година сервисирање.
3. PocketFinder– Ова е друга GPS опција за следење која нуди спецификации како следење во вистинско време, давање известувања, дава ознаки за безбедни зони и известувања за брзината на автомобилот.
PocketFinder работи со комплементарните апликации на Android и iOS и исто така ви овозможува да ја гледате евиденцијата од претходните 60 дена.
Цената му е 149.95 долари плус 12.95 долари за сервисирање на еден месец.
4. 5Star Urgent Response–
Овој уред нуди GPS следење, но неговата вистинската цел е во неговиот систем за повикување на итност при катастрофи.
Во дополнувањето да следите некого каде се движи со користење на веб базирани алатки, секој кој го има уредот има брз пристап до итниот и медицинскиот алармантен систем, кој дава пристап до надлежните агенти преку допирот на копче.
Тоа е голема мерка на безбедност за ново лиценцираните тинејџери, чии возења знаат да бидат нервозни и брзи на патот.
Цената е 49.99 долари плус 14.99 меселно за сервисирање.
5. Cell Phone Services–
Доколку вашето дете тинејџер има мобилен телефон, сигурно имате и провајдер за да се слушате со членовите од вашата фамилија.
На пример Sprint го нуди Sprint Guardian пакетот, што вклучува карактеристики како Sprint Mobile Controls, Sprint Drive и Sprint Family Locator.
Drive First го чува вашето дете безбедно додека вози со гледање на телефонот кога ја детектира брзината над 10 милји на час Локациски услуги вклучуваат и другите провајдери како АТ&Т Family map и Verizon Family Locator.
6. GPS Location Tracker–
За оние кои повеќе се заинтересирани за мобилно следење, GPS Location Tracker ги покрива скоро сите мобилни уреди, правејќи ги корисни за следење на членовите на фамилијата, како и на изгубените уреди.
Оваа апликација ви овозможува да ја следите локацијата кон која се упатуваат членовите од вашата фамилија на вашиот мобилен телефон, како и да ги видите нивните движења од претходните дена.
Сета историја за локациите е кеширана во сигурносен сервер, а е достапен преку Интернет или мобилениот пребарувач. Цената е 3.99 долари за iOS, Android, Blackberry, Kindle и Windows Phone.
7. Life360–
Се етаблира како една од водечките апликации за сите членови во семјстсвото да можат да го користат заедно.
Можете да ги држите на око сите ваши најблиски со користење на апликацијата и да видите кога пристигнале децата или заминале од одредена дестинација.
Оваа апликација се користи повеќе како фамилијарна апликација и уред со GPS.
Исто така овозможува групни пораки и VoIP конференциски повици. Бесплатна е за корисниците на iOS и Android.
8. Canary-
За родителите кои сакаат да ги следат нивните деца тинејџери додека возат автомобил, Canary за iOS и Android е корисна апликација за да дознаете како се однесува вашето дете преку смартфонот додека вози.
Откако ќе ја инсталирате апликацијата, родителите ќе добијат известување со детали за јавувања, пораки, брзината на возење и за локацијата кога автомобилот се движи побрзо од 12 милји на час.
Бесплатна е за превземање, за iOS и Android 14.99 долари претплата за доживотно.
Izvor – socialnet.mk