8 ГОДИНИ ПО КОБНАТА НЕСРЕЌА – Само јас и Наташа знаеме што се случи таа вечер


Пред осум години на Видовдан Данило Дача Икодиновиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа во која едвај преживеа и која ја означи крајот на неговата кариера, а славниот ватерполист сега откри неколку детали од таа кобна ноќ 2008 година.

Неколку години по несреќата, тој и Наташа Беквалац се разведоа, а Данило не сака премногу да зборува за сообраќајката која му го промени животот.natasa-bekvalac-daca-ikodinovic-620x350-1

Икодиновиќ во емисијата „Ексклузив“ додаде дека најтешко му паднало фактот што во најтешките моменти поединци му го свртеле грбот.

„Јас сето свое го платив затоа што можев материјално да платам. Фала богу немаше тешки последици по другите освен за мене. Подоцна наредните шест месеци се провлекуваше дека сум имал намера да го убијам тој човек. Не сум, погрешив, испив, возев брзо, катастрофата сам ја направив, но на себе. И моето семејство и мојот татко и мојата сестра им направив катастрофа. На останатите не. Никој тоа повеќе не го почувствува освен нив тројца“, заклучи Дача.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1