20-годишниот Душан Јовановиќ, кој го возеше БМВ-то со кое во смрт ги однесе своите другари, доби осум години затвор.
Српски Курир пренесува дека момчето паднало во Дунав со својот автомобил бидејќи возело под дејство на алкохол и со голема брзина.
Во несреќата загинаа Анастасија, Немања и Милош, неговите другари со кои делел се од детството.
Адвокатот пред судницата истакнал дека Душан ја признал вината и раскажал дека возел пијан и без дозвола во моментот на кобната несреќа.
Она што повеќе ја отежнало ситуацијата е тоа што пред несреќата во која ги загуби најблиските другари, имал направено дури 27 сообраќајни прекршоци. Дури осум пати бил фатен како вози без возачка. Против него била покрената и кривична.
За потсетување, несреќата се случи на 22 ноември минатата година кога тој со голема брзина влета во Дунав. Инаку, друштвото се враќало од забава. Тој и уште едно момче се спасија, а тројцата млади, Анастасија, Немања и Милош го повлече водата.