8 трикови за да не ви се размачкува летната шминка


Користете подлога

Клучното нешто за долготрајна пудра е нешто кое многу често се заборава – подлогата. Се што треба е да нанесете многу малку подлога со лесна формула без масло, на хидрирана кожа, пред да продолжите со коректор или пудра.

Префрлете се на силикон

Доколку го намачкате целото лице со пудра, веројатно ќе имате проблем. Сепак, сигурно ви треба барем малку пудра. Кое е решението? Лесна формула на база на силикон. Силиконот се однесува како препрака помеѓу влажноста и кожата, и спречува пудрата да почне да тече по вашето лице.

sminka lice

Колку помалку, толку подобро

Размислувајте во однос на пудрата вака, колку помалку ставите, толку помалку ќе се растекува по вашето лице. Ставете неколку капки пудра на сунџерче и размачкајте ја по средината на лицето со кратки потези. Оставете ја неколку минути пудрата да се впие, пред да продолжите со нанесување на остатокот од шминката.

Користете кремава сенка

Кога потта и пудрата ќе се измешааат, воопшто не изгледа убаво. Кремавите сенки подобро се однесуваат на топло време, а уште и ако се светкави одлично изгледаат на сонце.

Користете туш наместо моливче

Нанесувањето на туш бара време и пракса, но кога ќе се усовршите течната формула нема да се размачкува така како што би се размачкувало моливчето.
Користете водоотпорна маскара

Водоотпораната маскара е задолжителна за во лето. Некои од овие маскара знаат да избледат и да изгледаат сиво по некое време, па затоа одберете квалитетна маскара.

Користете кремаво руменило

Исто како и сенката во прав, и руменилото во прав не оди со потта. Затоа нанесете розово или корално кремаво руменило на јаболчниците.

Балсам или сјај за усни

Сјајот за усни е одличен за во лето. Но, исто така може да биде леплив и да се размачка. Затоа одберете балсам за усни или сјај со формула која содржи повеќе восок.

Спречете го сјајот на лицето

За да го намалите сјајот и да ја фиксирате вашата шминка, со голема четка нанесете транспарантна лесна пудра на Т-зоната. Бидејќи оваа пудра е безбојна, помали се шансите да ви предизвика проблеми, но бидете сигурни дека сте одбрале лесна формула.

Избришете се

Наместо постојано да нанесува уште пудра во текот на денот или вечерта за да ја задржите шминката, и да направите толку слоеви што ќе изгледате како торта, кога ќе почувствувате потреба користете апсорбирајќи влажни марамчиња кои ќе ја впијат потта и вишокот масти од кожата без да ви ја размачкаат шминката.

Ladybook.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1