Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.
Во болнички услови починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8626, активни 1802
• Куманово 1886, активни 172
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1368, активни 123
• Прилеп 814, активни 163
• Тетово 1607, активни 222
• Струга 720, активни 61
• Велес 385, активни 63
• Битола 389, активни 102
• Охрид 463, активни 47
• Кавадарци 281, активни 60
• Гостивар 991, активни 84
• Гевгелија 202, активни 92 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 437, активни 260
• Крива Паланка 155, активни 49
• Радовиш 141, активни 58
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 506, активни 213
• Пробиштип 129, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 153, активни 54
• Валандово 65, активни 41
• Виница 138, активни 45
• Делчево 193, активни 101 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 403, активни 58
• Кичево 357, активни 32
• Ресен 170, активни 9
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 680 теста се преку: ИЈЗ-153, ЦЈЗ Скопје-9, Авицена-0, Биотек-159, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -166 , Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-13, Синлаб-19, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациент. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 89
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 338
• Карпош – 317
• Центар – 328
• Кисела Вода – 209
• Ѓорче Петров – 154
• Бутел – 70
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 12
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 6
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-20.