87 годишна баба ја удрил гром – и никнаа два нови заби (Фото)


Баба Стана која во селото  Суховари кај Задар нагалено ја викаат Стоја пред две години ја погодил гром, а сега на свои 87 години дочека да и растат два нови заби.

babastanaТаа сите заби ги изгубила уште кога имала 26 години по што си направила забна протеза на горната и долната вилица. И токму кога помислила дека повеќе ќе нема грижи околу забите, бидејќи сите и се вештачки, нејзе почнале да и растат еден по друг нови.

– Покрај оној кој ми нарасна кога имав 83 години, осетив уште нешто, мислев дека е тоа делче од оној тогаш што ми излезе и отидов на забар зошто имав и болки. Забарката ми рече дека тоа е сосема нов заб, но бидејќи ме болеше заклучи дека расте расипан но ќе се обиде да го спаси. И реков: Спаси си го ако можеш сакам во земја да го понесам, зоште нема уште долго да живеам. Бев и на ренген и на снимката се виде дека ми расте уште еден. Уште е мал но се гледа на снимката – вели радосно бабата.

Нејзиниот стоматолог д-р Ловорка Педишиќ Олекса вели дека првпат во животот се среќава со вакво нешто.

babastana1– Станува збор за два нови никнати заби, осмици што е многу необично за човек на 87 – годишна возраст. Веројатно и никнале под некаков стрес кој го предизвикал растењето на забите – вели таа.

Кога хрватските мемедиуми заинтересирани за овој необичен случај ја прашаел бабата што стресно и се случило, таа раскажала дека пред две години преживеала удар од гром.

– Тоа беше пред две години. Берев аспарагус по што брзав и влегов дома, и ги пружив рацете за да ги фатам чизмите. Громот ме удри во рацете. Силно ме стресе. Ме однесоа на лекар. Но два месеци ништо не ми беше и се беше во ред. Потоа рацете ми се згрчија и имав големи болки. Завршив во стационарот во Ријека – вели Стана која живее сама и се уште си готви и си бере од бавчата. Имала тројца мажи, изгубила две деца и била на 6 операции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1