95% од луѓето не ги мијат рацете правилно. Еве како да го правите тоа!


Едно американско истражување открило дека повеќето луѓе не знаат правилно да си ги измијат рацете, и тоа потфрлуваат и во начинот и во времетраењето, кои се битни фактори за заштита од бактерии.mienje race

Во истражувањето учествувале 3.749 луѓе, од кои 95% не успеале да ја завршат работата како што треба. Во најголем број случаи недостасувала темелност во миењето, додека 33% воопшто не употребиле сапун. Имало и разлика помеѓу половите, па така 15% од мажите воопшто не ги измиле рацете, а такви случаи кај жените имало во 7%.

Светската здравствена организација има составено конкретни инструкции за правилно миење раце, кои важно е да ги следите за да го зачувате вашето здравје.pravilno mienje race

Времетраење: Важно е да ги миете рацете 20-60 секунди и секогаш да користите сапун.

Темелност: Повеќето луѓе не се мијат темелно. Важно е да не го забораватe делот помеѓу прстите, под ноктите и горниот дел на рацете.

Кога е неопходно да се мијат рацете? За повеќето луѓе е очигледно, но факт е дека не сите ги следат правилата. Многу е важно да се мијат рацете пред секое јадење и секако, после користење на вецето.

Дезинфекција и заштита: Многумина мислат дека течностите за дезинфекција се доволни, но ако имате можност да употребите сапун и вода – тоа е секогаш најдобрата опција.

Cafepauza.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1