96 годишен дедо зет по 5ти пат


Деведесет и шест годишниот Стојан Миливојевиќ од селото Гостилница во Србија, вчера, по петти пат, застана на „лудиот камен“ и се венчаше со 25 години помладата Милица Пуриќ од Бања Ковијаче.
По вечавката и двајцата посакаа нивниот брак да биде среќен и долговечен. Истиот ден, невестата го прослави својот 70 роденден.


park_1363805948_670x0Кумовите и неколкуте блиски роднини, присуствувале на венчавката во локалната администрација во салата во селото Рибашевина. Кога регистарот ги прашал дали се согласуваат да пристапат во брак и двајцата како од топ испукаа со ДА.
Потоа и двајцата со кумовите свратиле до блиската кафана, на кафе и сок, а потоа си заминале во домот во Гостиница.
Се запознале пред неколку месеци во Бања Ковијачи, каде што Стојан бил на одмор.
„Нема што тука да се крие. Стојан е сјаен човек, прекрасен, озбилен, семеен како и јас. Веднаш се најдовме и се решивме да се венчаме“, вели невестата.
Стојан е роден во 1918 година, а прв пат пред матичар застанал во 1939 година со Видосав од Лесковац. Потоа во Гостиница живеел најпрво со Марија со која не бил венчан, а потоа и со Невенка, и двете од Белград. Со четвртата жена Смилјан од Сокобање, се венчал пред неколку години. За жал таа, како и претходните три жени починале.
„Не може човек да живее сам. Посакувам од денес па натаму само здравје и среќа и на мене и на Милица. Да ни биде бракот долговечен“, вели Стојан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1