Elizabeth Escalona, 23 годишната мајка која ја претепала својата 2 годишна ќерка и и ги залепила раченцата за зид со супер лепак за да не може да мрда ддоека ја тепа, доби 99 години затворска казна за стореното.
Мајката и покрај советот од адвокатите да не сведочи, излезе пред судот, ја призна вината и детално објасни низ солзи што се случувало.
Мајката го претепала девојчето затоа што не сакало да ,,мочка,, во нокшир. Го удирала детенцето во стомак со стаклено шише, а потоа ја залепила за зидот. Девојчето беше хоспитализирано во кома и со сериозни повреди низ целото тело.
Escalona признала дека користи дрога уште од 13 години, пишела марихуана и додека била бремена со девојчето. Таа изјавила дека не се сеќава дека ја тепала ќерка си и дека ја залепила за зид, ниту дека била хоспитализирана. Осудена е на 99 години затвор, а прво помилување може да бара дури по 30 години минати зад решетки. Девојченцето се опоравило и е под старателство на државата.