Учество ќе земат околу 4.000 маратонци од 36 држави кои ќе трчаат на главната трка, на патеката долга 42 километри и 195 метри. Спортистите ќе се натпреваруваат и во полумаратон, но и на хуманитарната и детската трка.
Рекордот на патеката во 2011 година во машка конкуренција го постави Кениецот Диксон Терер со време од два часа, 23 минути и 51 секунда. Кај дамите рекордот го држи неговата сонародничка Сесилија Вангуи Варутумо со време од два часа, 50 минути и шест секунди.
За време на трката во Скопје ќе биде на сила посебен сообраќаен режим во периодот од 07:30 до 14:00 часот.
Движењето на водечките маратонци ќе може да се следи во живо ОВДЕ.
Инпрес