Мајка на две деца загинала додека разговарала на телефон, кој бил приклучен на нелиценциран полнач. Властите го нарекле инцидентот „повик за будење“
Мајка на две деца, Шерил Ен Алдегер (28) починала по удар од струја кој дошол преку УСБ кабелот со кој го полнела мобилниот телефон.
Нејзиното тело е пронајдено во семејната куќа во Њу Саут Велс во Австралија, а во тој момент и натаму имала слушалки кои и предизвикале изгореници на ушите и на градите.
Надлежните веруваат дека нејзиниот УСБ полнач од само 5 долари предизвикал електричен импулс, кој преку телефонот а потоа и слушалките дошол до неа.
-240 волти допатувале од лаптопот и од тој удар девојката поинала, наведуваат локалните медиуми.
Пријателите на Алдергер веруваат дека жртвата го набавила полначот од мобиларница во Сиднеј. Австралиските власти спровеле рација во фирмата и ги запленила сите нестандардни полначи што се продавале.