Телото на германскиот покераш и милионер Јоханес Штрасман (29) е пронајдено во реката Љубљаница во Словенија и на него не се пронајдени траги на насилство. Причините за смртта се испитуваат, јави словенечката телевизија.
Германецот последен пат е виден на 21 јуни, а три дена подоцна полицијата е известена за неговото исчезнување. Во потрагата по него учествувале голем број полицајци и кучиња трагачи, а на терен биле и хеликоптери.
Телото од реката е извадено во петокот, а по извршената ДНК анализа е потврдено дека се работи за Страсман.
Тој беше еден од најдобрите европски покераши.
Овој 29-годишен милионер во Љубљана дојде да се сретне со уште некои играчи на покер кои ги подучувал.