Facebook без да знаат корисниците спровел таен психолошки експеримент врз 700.000 луѓе


Аналитичарите на податоци во Facebook спровеле масивен психолошки експеримент на речиси 700.000 свои корисници, без нивно знаење, за да докаже дека емоциите можат да се „пренесуваат“ преку социјалните мрежи. Резултатите од студијата се објавени неодамна, а тие покажуваат дека и негативните и позитивните емоции, како депресијата или радоста, ефективно се „трансферираат меѓу корисниците“.

facebook-tugaКомпанијата го променила алгоритмот на News feed-от на корисниците кои ги одбрала за експериментот,  така што тие гледале невообичаено голем број „негативни“ или „позитивни“ објави на нивниот тајмлајн.

Научниците велат дека од екепериментот произлегува дека кога луѓето гледаат помалку позитивни објави, тие самите објавуваат постови кои се помалку позитивни, односно пишуваат повеќе негативни статуси. Во спротивно, корисниците кои добивале повеќе позитивни објави, и самите постирале позитивни статуси.

„Емотивните сосотјби можат да се пренесуваат на други по пат на „емотивно заразување“, водејќи ги луѓето несвесно да ги искусуваат истите чувства. Ние дојдовме до екпериментални докази дека ова се случува без директен контакт меѓу луѓето, со комплетно отсуство на невербална комуникација. Доволна а само изложеност на пријател кој изразува некакво чувство“, велат во анализата авторите: Adam Kramer, Jamie Guillory и Jeffrey Hancock.

Според експертите кои го разгледувале тајниот експеримент на Facebook, во случајот не може да се зборува за прекршување на човековите права на корисниците врз кои се екпериментирало, затоа што сите тие ги потпишале правилата на користење на социјалната мрежа, во кои дале согласност да учествуваат во вакви студии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1