Вчеравечер, во хотелот „Александар палас“, се случи свадбената веселба на ќерката на Адријана и Горан Алачки, Грациела, која му кажа „да“ на нејзиното долгогодишно момче Игор Димовски.
Преку 300 гости од целиот свет уживаа во музиката на „Академци“ и Драган Мијалковски, но најинтересен беше моментот со играорците од КУД „Кочо Рацин“ каде што членуваат младенците, пишува Утрински.
Првин Грациела го поведе „тешкото“, а потоа нејзиниот сопруг се качи на тапан, а во стилот на традицијата набргу му се придружи и татко и Горан. Весело, достоинствено и наше македонско ечеа ората на кои Граци, ја покажа сета играорска вештина.
Од познатите личности на веселбата присуствуваа Ирена Спировска, Ристо Краповски и Сузе Туринџиева, а вљубената двојка, по вчерашната блага ракија замина на меден месец во Грција.