Поскапувања: Од јули поскапа струја и цигари, од денес бензинот, а ќе поскапе и храната


Од 1 јули годинава кај нас ќе почне постапката на зголемување на акцизата за цигари за 0,15, односно 0,20 денари годишно до 2023 година. Проценките велат дека цигарите што се продаваат по 50 денари за десет години би требало да чинат 90 денари.
Данокот и акцизата учествуваат во структурата на малопродажната цена на цигарите со 75%.

Бренд поскапуват за 5 денари, Рондо за 3 – Ова се новите цени на цигарите

tel smetkaОд утре, 1 јули, пак ќе се знае и новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат во следниот едногодишен период. Неофицијално, ќе има корекција на електричната енергија во нагорна линија за нешто повеќе од 3%, но сепак, точната бројка ќе ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика на денешната прес-конференција.Енергетските компании прикажаа зголемени трошоци, затоа логично беше и да се очекува поскапување на струјата. Регулаторот дополнително барал објаснување и од ЕЛЕМ и од МЕПСО и од ЕВН Македонија за прикажаните трошоци по што пресметал дека крајната цена за домаќинствата треба да биде повисока за 3,5%.

Последното поскапување на електричната енергија се случи пред две години, а лани струјата во Македонија беше намалена за околу 4%.

Ај наздравје – ПОТВРДЕНО: Струјата поскапува за 3,47%

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,50 денари и на Еуродизелот 70 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар  и ќе изнесува 58,50 денари. Се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 42,18 денари. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пзар изнесуваше 113,5 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 45,46 денари.

Руско – Украинскиот конфликт,  поплавите што го зафатија регионот, но и сушата во  САД се ризици што може да влијаат врз зголемување на цените на храната и енергенсите  во следната година – предупредуваат од Централната банка. Во последниот јунски извештај НБРМ нотира дека постои можност да дојде до нагорни ценовни притисоци како резултат на намалената понуда од Србија поради намалениот извозен потенцијал на земјата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1