Убиство по победата на Колумбија


Колумбиските власти соопштија дека по вчерашната победа на Колумбија над Уругвај со 2:0 е убиена жена, а постојат сомневања дека во прашање е намерно убиство.

ubistvo-kolimbija500Првично било соопштено дека 25 годишна девојка настрадала во пукотници за време на славјето во Богота, но полицијата подоцна известила дека се работи за убиство со умисла.

-Убиецот со моторцикл отворил оган врз тројца луѓе, изјавиле од колумбиската полиција.

Имено, за време на славјето повредени се пет лица, а во колумбискиот главен град избиле и 274 тепачки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1