Ај наздравје – ПОТВРДЕНО: Струјата поскапува за 3,47%


Граѓаните од утре треба да сметаат на повисоки сметки за струја. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената на струјата за 3,47 отсто која ќе важи од 1 јули 2014 до 1 јули 2015.

smetka strujaПокрај цената, за граѓаните ново ќе биде и тоа што во цената ќе биде пресметана и ангажираната моќност од 33 отсто, која сега се искажува како одделна ставка во сметките. Крајната цена за домаќинствата со еднотарифно броило ќе биде 4,48 денари за киловат час, а кај оние со двотарифно броило киловатчас  скапа ќе чини 5,59 денари, а евтината 2,80 денари .

Регулаторната комисија, како што беше речено на денешната прес конференција, ја донела одлуката, откако ги разгледале извештаите на енергетските компании за прикажаните трошоците во инверстиции.

Бренд поскапуват за 5 денари, Рондо за 3 – Ова се новите цени на цигарите
Поскапувања: Од јули поскапа струја и цигари, од денес бензинот, а ќе поскапе и храната
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1