Загина трудница во 8 месец, сопругот критичнo – страотна сообраќајка кај Кочани


Во стравотна сообраќајна несреќа на патот Пониква – Кочани, загина Емилија К. (23) од Кочани, заедно со нејзиното неродено бебе, додека нејзиниот сопруг А.К. (26), кој го управувал автомобилот, со тешки повреди бил однесен во Кочанската болница , а оттаму, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Штипската болница.

nesrekja soobrakjajka policija patНа 29.06.2014 година, околу 18,40 часот, младата брачна двојка, која во брак стапила пред два месеца, се враќала од Пониква за Кочани. Меѓутоа, автомобилот “поло класик”, управуван од А.К., на една од острите кривини, кај местото викано Етемија излетал од патот во провалија од 20 метри.

Сопатничката Емилија К. починала на самото место,додека нејзиниот сопруг со телесни повреди бил однесен во Кочанската болница.

Според, портпаролот на СВР Штип Гордана Панјотова, на местото на несреќата излегле увидна екипа и основен јавен обвинител. Истрагата ќе ги утврди причините за несреќата.

Од Кочанската болница информираат дека Емилија била трудна во осми месец и наскоро требало да се породи. Лекарите се обиделе, но не успеале да го спасат нероденото бебе.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1