Силно невреме проследено со пороен дожд, ветар и грмежи ја погоди ноќеска и утрото Словенија, а на Кредарица, што се наоѓа на 2.514 метри надморска висина паднаа 10 сантиметри нов снег.
Републичкиот центар за известување во изминатите 12 часа соопшти за повеќе удари од гром кои во некои подрачја предизвикаа пожари.
Словенечки медиуми јавуваат за голем број искршени и искорнати дрвја во Љубљана. Хидрометеоролошкиот завод соопшти дека е можна и појава на лизгање земјиште.
Во Бања Лука утрово, невремето носеше контењери и дрвја. Стебло паднало на киоск, а за среќа нема повредени.
Во пирот невремето преврте и шлепер што го блокираше сообраќајот