Група генетичари што ја проучуваат човечката еволуција ги претставиле најновите резултати минатата недела на состанокот на лондонското Кралско друштво, кое се занимава со унапредување на знаењето во областа на природите науки
Резултатите од генетичките анализи на фрагментите од коските на денисовците и неандерталците откриваат нови интересни податоци за нашата не многу дамнешна еволуција. Тие наведуваат на заклучок дека со современиот хомо сапиенс, покрај денисовците и неандерталците, се вкрстувале и припадници на четврти вид хомини.
Неандерталците се исчезнати пред 200.000 години. Нивните остатоци се пронајдени насекаде низ Европа и во централниот дел на Азија. Иако степенот на развиеност не бил на ниво на хомо сапиенс, кој исчезнал приближно во исто време, научниците претпоставуваат дека станува збор за првите хомини што носеле облека, ги погребувале мртвите и го учеле сопствениот јазик.
Сите сознанија за денисовците се основаат на фрагментите од коски што се пронајдени во една пештера, остатоците потекнуваат од периодот пред 30.000-50.000 години.
Научниците претпоставуваат дека третиот вид хомини што се вкрстувале со хомо сапиенс потекнуваат од Азија. Овој факт треба да се потврди со ново истражување, за кое се надеваат дека ќе овозможи да се идентификува непознатата популација, со која подобро ќе разбереме како сме станале тоа што сме денес.