Пазар со човечки органи: Како функционира и што најмногу се бара?!


Селата во околината на Катманду се нарекуваат “банка за бубрези”. Повеќе од 20 години луѓето во тоа подрачје се извор на бубрези за очајните пациенти ширум светот.

Луѓето кои на улица молат за лечење на бубрезите станале вообичаена појава во Катманду. Главниот град на Непал не се разликува многу од градовите во светот во кои старата популација, лошата исхрана и недостатокот на квалитетна медицинска нега резултираат со големи заболувања на органите.

organiТокму затоа цвета црниот пазар за продажба на органи, а најбарани се бубрезите. На црниот пазар годишно се набавуваат до 7.000 од овие органи. Иако противзаконска, трговијата со органи е во подем во светот и генерира профит од 514 милиони до милијарда долари годишно.

За време на посетата на CNN во центарот за лечење на бубрези во Катманду, имало голем број на пациенти кои одат на дијализа, 4-часовна постапка на прочистување на крвта. Тие кои можат да си дозволат трансплантација се’ уште се соочуваат со голем број проблеми – мора да се совпаѓаат со донаторот, кој според непалскиот закон, мора да биде член на семејството.

– Малиот округ Кавре, во близина на главниот град, се нарекува “банка за бубрези”. Иако властите често велат дека нема толеранција за трговијата со органи, пазарот таму е добро организиран и финансиран.

Повеќе од 20 години луѓето од селата во тоа подрачје се примарен извор на бубрези за болните и очајни пациенти од Непал. Во изминатите пет години повеќе од 300 луѓе само во овој округ биле жртви на трговците со органи. Некои извори тврдат дека бројот е многу поголем.

bubregМеѓу жртвите е’ и Наварај Пријар. Тој во 2002-та година побарал работа на градилиште во Катманду, кога му биле понудени 30.000 долари за “дел од неговото месо”.

Тоа што не му било кажано е дека станува збор за бубрегот. “Помислив, ако е месо, повторно ќе порасне, а јас ќе добијам 30.000 долари. Зошто да не?”, раскажал тој. Трговците му набавиле лажни документи и го претставиле како сроден примател. Бидејќи не го знаел локалниот јазик во болницата во Индија, во која бил сместен, не го разбирал разговорот меѓу персоналот на болницата и трговците.

По операцијата го пратиле дома со 1 процент од договорениот износ и ветување дека наскоро ќе го добие остатокот, што никогаш не се случило. Откако се вратил во Непал отишол на лекар и наскоро дознал дека му недостасува еден бубрег. Денес е болен, а состојбата му се влошува од ден во ден. Поради сиромаштијата не може да си дозволи да се лекува и се плаши дека ќе умре.

srbija-transplatacija-bubrezi-dan-bubrega-1328585176-44238Неговата приказна е само една од многуте слични, а за да се сфати зошто луѓето толку лесно паѓаат во рацете на трговците, потребно е само да се разбере економската состојба во земјата.

Само неколку болници во Непал прават трансплантации, па многу од богатите пациенти најчесто одат на операција во Индија. Непалските лекари тврдат дека луѓето повеќе им веруваат на индиските лекари и сакаат подобри услови, додека активистите сметаат дека трговците така полесно ја постигнуваат својата цел. Ги користат дупките во законот со години.

Непалската влада се обидува да ја зацврсти својата политика околу овој проблем, а полицијата работи на апсење на трговците. Минатата година биле уапсени 10 лица, обвинети за трговија со органи. Проблемот се шири секаде во земјата, а за некои од Непалците веќе е предоцна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1