Новак Ѓоковиќ прв финалист на Вимблдон


Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на неофицијалното Светско тениско првенство Вимблдон

Првиот носител на турнирот Ѓоковиќ во првиот полуфинален меч кој траеше 3 часа и 2 минути го совлада Григор Димитров од Бугарија со 3:1 во сетови.

2013 Australian Open - Day 14Србинот го доби првиот сет со 6:4, додека Димитров возврати во вториот со 6:3.

Во третиот и четвртиот сет топ фаворитот Ѓоковиќ мораше на два пати да одигра по 13-сетови, односно двата сета ги доби во тај-брејкот со 7:2 и 9:7 во поени.

Така Ѓоковиќ во недела по трет пат (втор во низа) ќе игра во финалето на Вимблдон.

Негов противник ќе биде подобриот од вториот полуфинален меч во кој Швајцарецот  Роџер Федерер (4-носител) за противник ќе го има (8) Милош Раониќ од Канада.

Утре на програмата е женското финале во кое за титулата ќе се борат 6-носителка Петра Квитова од Чешка и Канаѓанката Ежини Бушар 13-та носителка на турнирот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1